Жена се удави во езеро заедно со двете деца , без да знае дека нејзиниот сопруг си ја лажирал змртта за да ги земе парите од животното осигурување.
Мажот не и го открил планот на сопругата дека има намера да си ја лажира смртта за да земе пари од осигурувањето. Таа од тага по него, ги зела двете деца и се фрлила со нив во езеро.
Претходно оставила проштална порака. Мажот е во затвор под обвинение за измама на осигурителна компанија и намерно оштетување на туѓ имот. На почетокот на септември мажот купил осигурителна полиса на милион јуани ( 145 000 долари) , без знаење на сопругата.
Парите по неговата ,,смрт” требало да ги добие сопругата. Тој на 19 септември изнајмил автомобил и ја инсценирал сопствената смрт како сообраќајна несреќа.
При истрагата било откриено дека тој имал долхгови во износ од 100 000 јуани ( 14 500 долари).
На 11 октомври биле најдени телата на неговата сопруга , на четиригодишниот син и на тригодишната ќерка во езеро во близина на нивниот дом.
(124)