Животот во екстремни услови – кои се најизолираните населени места во светот?

 
 

Местата на оваа листа се доказ дека луѓето можат да се адаптираат на изолацијата, на екстремното време и да уживаат во најголемата награда – недопрената природа што ги опкружува.

Доколку ви треба време за да ги избистрите мислите, би било одлична идеја да посетите некое од овие места, доколку, секако, се осмелувате.

Oymyakon

Малото село во кое живеат 500 жители се наоѓа во Сибир, а се смета за најстудено населено место во светот. Оваа титула ја освоило уште во 1933 година, кога температурата се спуштила на 90 степени под нулата.

Тука најмногу се јаде месо, затоа што за секој зеленчук е едноставно премногу ладно.

Zivot vo ekstremni uslovi ova se najizoliranite naseleni mesta vo svetot 02

Tristan de Cunha

Замислете да се наоѓате на местото од кое ви требаат 3500 km до најблиската населба на запад, 2700 km на исток, повеќе од 4000 km на север, а на југот се наоѓа и Антарктикот. Токму вака изгледа овој архипелаг, наречен „освежувачки остров“ со кој сè уште управуваат, погодувате, Британците.

Zivot vo ekstremni uslovi ova se najizoliranite naseleni mesta vo svetot 03

Barrow

Не можеме да зборуваме за изолирани места, а да не ја спомнеме Алјаска. Алјаска е дом на градот наречен Баров, кој има 4000 жители и е најнаселено место на северот на американскиот континент.

Поради вечниот мраз, патиштата до градот не постојат, па за да стигнете овде мора да летате или да бидете многу, многу добар планинар.

Zivot vo ekstremni uslovi ova se najizoliranite naseleni mesta vo svetot 04

Велигденските острови

Овој остров има приближно 6.000 жители. Сместен е среде Тихиот океан и е најпознат по неговите големи камени глави.

Zivot vo ekstremni uslovi ova se najizoliranite naseleni mesta vo svetot 05

Svalbard

Сместен помеѓу Норвешка и Северениот Пол, Свалбард е остров населен со нешто повеќе од 2.000 среќници. Зошто среќници? Па затоа што можат да уживаат во седум национални паркови и 23 резервати. Поларните лисици и поларните мечки, исто така, живеат тука.

Zivot vo ekstremni uslovi ova se najizoliranite naseleni mesta vo svetot 06

Cape York

Огромен дел од недопрената природа се наоѓа на северот на Австралија, составен од шуми, савани и пустини, како и многу животински видови. Но тука живеат и 18.000 жители, од кои повеќето се домородни Австралијанци, Абориџини.

Zivot vo ekstremni uslovi ova se najizoliranite naseleni mesta vo svetot 07

(11)

Вашиот коментар