Живот на маргините: мајка и две ќерки се доселиле во Чернобил

 
 

Животната приказна на Марина Коваленко со своите две ќерки, Ирина и Олена, како и со семејниот пес која одлучила да се досели во Чернобил сведочи за тоа дека и покрај тоа што нуклеарната катастрофа од 1986 година зад себе остави пустош поради стравот од зрачење, се почесто луѓето повторно се вклучуваат во живот на маргините и во урнатините.

Како што пренесува 24sata.hr Марина и нејзините деца имаат неколку соседи, но тоа се само постари луѓе. Нивното село Стешчина е оддалечено 30 километри од Чернобил.


Куќата им е во лоша состојба, подовите се гнили, металните радијатори се испукани поради температура која во зима достигнува и до минус 20 степени. Иако имаат основни работи како плин, струја и мобилен сигнал, имаат само полски клозет, а водата е загадена поради што мораат постојано да ја превриваат.

Во селото има малку куќи во добра состојба и тие се продаваат за 3500 долари, но повеќето празни домови се направени од дрво и се продаваат за неколку стотини долари.

Марина по доаѓањето во селото била сиромашна и не можела да си дозволи ни куќа. Наместо тоа властите и понудиле сместување во една куќа под услов да се грижи за еден дементен господин. Кога починал, Марина и нејзините ќерки ја наследиле куќата.


По завршувањето на училиштето, ќерките главно и помагаат на мајка си во градината и се грижат за животните. Од државата добиваат месечно 183 долари и тоа им е единствениот извор на приходи, поради што мораат да одгледуваат сопствена храна и од животните добиваат млеко и месо, пишува Би-би-си во својата сторија.

(168)

Вашиот коментар