Завршил во затвор поради непристоен коментар кон девојка

 
 

Во Франција почна да се применува новиот закон со кој ригорозно се казнуваат сите кои упатуваат навредливи коментари кон жените.

Маж кој удрил жена по задникот во автобус во близина на Париз , доби три месеци казна затвор и за прв пат и парична казна, поради непристојни коментари на сметка на нејзиниот изглед.

Мажот влегол во автобус пијан за време на најголемиот метеж и удрил 21 годишна девојка по задникот и навредливо ги коментирал нејзините гради , за потоа да се скара со возачот , кој повикал полиција.

Судот денеска му одредил казна на 30 годишникот од три месеци затвор и му одредил парична казна од 300 евра за навреди кон девојката. Ова е прва парична казна по новиот закон , со кој се настојува да се спречи токму таквото однесување во јавност , што е честа појава во Франција.

Според законот , освен затворска казна , паричната казна може да изнесува и 750 евра и да биде наплатена на самото место.

(32)

Вашиот коментар