Земјата во која пивото беше забрането полни 74 години

 
 

Забраната всушност била остсаток од прохибицијата од 1915 година, кога народот тогаш ја изгласал забраната на референдум.

Исланѓаните денеска го прославуваат националниот ден на пивото, годишница од крајот на повеќедецениската забрана за купување и пиење пиво во оваа земја, која е прекината на денешен ден во 1989 година.

Пивото во Исланд беше забрането полни 74 години, додека другите алкохолни пијалаци можеле да се купат легално.

Забраната всушност била остаток од прохибицијата од 1915 година, кога народот тогаш ја изгласал забраната на референдум.

Злоупотребата на алкохолот во Исланд е голем проблем, бидејќи еден од десет мажи, постари од 15 години, барем еднаш во животот има одено на рехабилитација, информира исландскиот Центар за лекување на зависност.

Во седумдесеттите години од минатиот век дојде до промени во Исланд по ова прашање, а во 1989 година конечно е укината забраната и Исланд доби Национален ден на пивото.

(118)

Вашиот коментар