Славниот „Еурокрем“ уште од самото појавување на пазарот во поранешна Југославија направи бум. Него го јадеа сите, па дури и војниците. Некогашниот прв човек на компанијата која го произведува, „Таково“, кој на тоа место бил скоро три децении, откри неколку интересни детали за производството и продажбата на кремот.

Томовиќ откри и една тајна – податокот колку крем ѝ продавале на војската.
-Неколку години на војската ѝ продававме околу 1.800 тони „Еурокрем“ годишно, но тоа тогаш не смеев да го кажам бидејќи некој на основа на тоа би можел да пресмета колку војници има – откри тој.
Според него, продажбата на кремот придонела за плаќање на огромен данок на државата, илјадници работници заработувале натпросечно голема плата, а во Горни Милановац се изградиле многу куќи од страна на вработените во компанијата, каде работеле 3.800 луѓе.
(1110)