Им понудила секс без обврски на 100 мажи, а резултатот ја изненадил

 
 

Сексуалната писателка Надја Бокоди е активна корисничка на апликации за запознавање, а таа вели дека се изнагледала фотографии од машки полови органи и очајни флертувања.

Поради тоа се одлучила да ја “сврти играта” и да започне да им испраќа флертувачки пораки, а резултатот ја изненадил.

Пораката која оваа авторка од Сиднеј ја испратила на 100 мажи гласела: “Сакаш ли секс без обврски?”.

View this post on Instagram

A post shared by Nadia Bokody (@nadiabokody) on

Потврден одговор ѝ дале 72 мажи, двајца одговориле со “не”, а 24 од нив не ѝ ни одговориле на пораката.

“Бев изненадена од фактот што 72 мажи не се посомневаа во моето невообичаено агресивен пристап. Но, интересно е што, кога започнав со конкретни планови, неколку од нив престанаа да ми пишуваат, а некои и измислуваа изговори зошто не можат да се најдат со мене”.

Писателката потоа посакала да дознае зошто тие се откажале, но не успеала. Имено, на Тиндер, повеќе од мажи кои одбиваат секс без обврски им е уште почудна жена која го нуди тоа, па набрзо ѝ го избришале профилот.

View this post on Instagram

A post shared by Nadia Bokody (@nadiabokody) on

Инаку, Надја имала повеќе успех од девојката и момчето од Јутјуб каналот “Whatever” кои им приоѓале на луѓе во бар и им нуделе секс. Девојката успеала да убеди 30 мажи да имаат секс со неа, додека момчето имало лоша среќа – ниту една жена не се согласила на секс, но ни ниту една не се навредила од ваквиот непристоен предлог.

(596)

Вашиот коментар