Им рекол на крадците да дојдат кога ќе има повеќе пари, па ги чекала и полицијата

 
 

Сопственик на продавница на електронски цигари во белгискиот град Шарлоа спречил грабеж на својот дуќан така што на крадците им рекол да се вратат кога ќе има повеќе пари во касата, а тие го послушале.

Ројтерс пренесува наводи на телевизијата РТЛ, дека крадците во дуќанот тогаш веќе биле пречекани од полицајци кои ги привеле.

– Реков дека е подобро за нив да ме ограбат во 17:30. Можев да видам дека немав работа со генијалци, рекол сопственикот на работлницата кој се претставил само како Дидие.

(174)

Вашиот коментар