Индонезиската полиција се извини откако излезе видео како испрашуваат човек во притвор со жива змија

На снимките се гледа како човекот вреска од страв, а од позадина може да се слушнат неговите испитувачи како се смеат и постојано ја туркаат главата на змијата врз лицето на човекот

Властите во Индонезија објавиле официјално извинување, откако излезе на виделина видео во кое некои од нивните офицери користат жива змија за да испрашуваат човек кој е осомничен за кражба на телефони. Снимките покажуваат дека човекот вреска од страв, а од позадина може да се слушнат неговите испитувачи како се смеат и постојано ја туркаат главата на змијата врз лицето на човекот.

Властите во источниот регион на Папуа објавиле официјално извинување, но во него се обиделе да ги оправдаат активностите на полициските службеници велејќи дека змијата не е отровен вид и дека човекот не бил повреден.

Вероника Коман, адвокат за човекови права во Папуа, тврдеше дека Сем Локон, член на Западниот национален папауски комитет, организација која се залага за независност од Индонезија, бил ставенаво ќелија со змија, а попат и постојано бил тепан откако бил уапсен.

 
 

Властите соопштија дека Локон бил уапсен по рацијата во округот Џиавија, со обвинение за крадење мобилни телефони.

Коман вели дека методите на испрашување кои биле користени од страна на властите ги прекршиле нивните политики и неколку други закони.

Таа, исто така, вели дека имало повеќе извештаи за властите и за војската дека користеле змии за време на сослушувањето на затворениците од Папуа.

На снимката се прикажува темно кафеава змија, која изгледа дека е долга најмалку 2 метри, обвиткана околу вратот и половината на осомничениот кој е со лисици на рацете. На неа може да се забележи офицер кој ја турка главата на змијата во лицето на осомничениот, како што човекот станува се повеќе и повеќе хистеричен. Службениците може да се слушнат во позадина како прашуваат колку пати украл мобилни телефони човекот.

loading...

(Source: iStock by Getty Images)

Тони Ананда Свадаја, шефот на полицијата во Џиавија, во соопштението до јавноста изјавил дека сега на полициските службеници им е дадена обука за етика и биле преместени на други локации.

Портпаролот на полицијата во Папуа, Ахмад Мустафа Камал изјавил дека офицерите кои биле инволвирани во инцидентот се испрашувани од страна на одделот за внатрешни работи на националната полиција.

(35)

Вашиот коментар