Италијански град ви дава бесплатно пиво и сладолед ако користите велосипед како превозно средство

 
 

Екопријателскиот јавен превоз е моментално во тренд, а возењето автомобили станува сѐ помалку популарно низ светот. Болоња, град во Северна Италија, ги охрабрува своите жители да се ослободат од автомобилите со нова зелена иницијатива што е прилично успешна. Тајната на успехот – бесплатно пиво!

Болоња ги наградува луѓето со бесплатно пиво доколку ги возат своите велосипеди, се одлучат за јавен превоз или пешачат. Со апликацијата за паметен телефон наречена „Бела моса“ (Одлична работа) тие добиваат поени што можат да ги потрошат на пиво, сладолед или на билети за кино кога ќе се одлучат за незагадувачки начин на патување.

Зад проектот „Бела моса“ стои Марко Амадори, кој објаснува дека прво мора да се преземе апликацијата „Бетр поинтс“ (Подобри поени), што ќе го води вашиот дневник на превоз, но и за собирање поени за награда. Освен тоа, над 100 локални кафулиња и слаткарници се вклучени во овој проект, а луѓето се натпреваруваат меѓу себе за да видат кој заработил повеќе поени.

Во 2017 година апликацијата забележала 3,5 милиони километри екопријателски патувања во градот, а биле издадени над 16.000 ваучери.

(21)

Вашиот коментар