Казахстан донел одлука: 2000. осудени педофили ќе бидат хемиски кастрирани

 
 

Осудените педофили во Казахстан се соочуваат со присилна хемиска кастрација откако владата одобрила средства за 2.000 индекции. Првото барање за казнуавње е веќе одобрено…

Неименуван педофил од Туркенскиот регион, осуден за казнено дело на сексуално злоставување деца во април 2016. година, ќе биде подвргнат на вбризгување под надзор на Министерството на здравство, наведуваат државни функционери.

Човекот ќе биде прв граѓанин на Казахстан кој ќе прими казна во сооднос со новите закони кои се воведени во почетокот на годината, дозволувајќи хемиска кастрација во случаи кога судскиот налог е во склад со медицинските овластувања.

Претседателот, Нурсултан Назарбаев, доделил околу 23.000 евра за илјада процедури кои треба да се спроведат, но сега било барано само едно извршување. „Моментално има едно барање за хемиска кастрација во склад со судската пресуда“, изјавил заменик министерот за здравство, Лејзат Актаев.

„Средствата се наменети за купување на уште 2.000 инекции“. Кога во 2016. година бил усвоен законот, сенаторот Бирганим Аитимов изјавил дека кастрацијата ќе биде „привремена“ и дека ќе се состои од „еднократна инекција“ втемелена на „неопходности за спречување на човекот од вршење сексуално насилство“.

Хемиската кастрација користи анафродијални лекови за намалување на либидото и сексуалната активност на поединец. Обично се смета за реверзибилна кога лекувањето ќе се прекине. Казахстан ќе користи „ципротерон ацетат“, стероиден анти – андроген развиен за борба против ракот, кој вообичаено се користи во некои европски земји за лекување.

Сексуалните злосторства над децата во Казахстан можат да добијат казна затвор до 20. години. Државното обвинителство во 2015. година забележало огромен број силувања кај децата, чиј број се удвоил на околу 1.000 во период од 2010. до 2014. година.

Низа земји, вклучувајќи ги Русија, Јужна Кореја, Естонија и делови од САД користат хемиска кастрација како казна за осудени сексуални престапници и педофили – во многу други случаи таа им се понудува на сексуалните престапници на доброволна база во замена за скратување на затворската казна.

(174)

Вашиот коментар