Камера фати “џиновско речно чудовиште“ во Кина

 
 

Кина можеби има свој мистериозен ѕвер за да му конкурира на чудовиштето од Лох Нес откако на снимките од една сигурносна камера се појави чудно суштество како плива на површината на реката Јангце.

Суштеството слично на змија очигледно не е срамежливо, бидејќи оваа снимка е снимена на подрачјето викано „Три клисури“, популарно туристичко место во градот Јичанг.

Што и да е, се сугерира дека е дебело како бутот на просечно возрасно човечко тело и се проценува дека е најмалку 10 метри долго. Секако е моќно животно, бидејќи со леснотија плива против речната струја.

До сега, повеќе од два милиони луѓе го гледаа видеото откако беше објавено и како што може да се очекува, изобилуваат стеории што би можело да биде ова суштество.

The animal was spotted in the Yangtze River. Credit: PA

Официјално рационално објаснување? Па, до сега службениците за шумарство во Јичанг одбиваат да коментираат, но најверојатно станува збор за бурмански питон – змија која често се наоѓа во таа област за која се знае дека во најголем дел од времето го поминува на копно, но исто така се и одлични пливачи.

Credit: AsiaWire

Тие се во состојба да пораснат до големината на суштеството што се гледа во видеото и затоа тоа за сега е најразумната теорија.

Со 6.300 километри, Јангце е најдолгата река во Азија и тече кон исток низ скоро целата ширина на Кина пред да излезе во Источното Кинеско Море.

(1156)

Вашиот коментар