Кит Флинт се прости од овој свет на 49 години

 
 

Кит Флинт, фронтменот на Prodigy е пронајден мртов во неговиот стан, јавија утринава островските медиуми. Имаше 49 години.

Портпаролот на полицијата изјави: “Бевме повикани да интервенираме во станот на еден човек поради неговата здравствена состојба некаде околу 08:10 часот утринава“.

“Пристигнавме и нажалост, 49 годишен маж, беше прогласен за мртов на самото место. Неговите најблиски се веќе информирани. Смртта не е третирана како сомнителна и извештајот се спрема за судска медицина“

Претпознатлив по оригиналната фризура и неговите тетоважи, ѕвездата првично беше играчот на Prodigy пред да почне да ги превзима и обврските на главниот вокал во нивните хитови од 1996 година, Firestarter и Breathe.

Лесна му журка во небесите.

За оние кои не беа родени на тие години, еве за што станува збор:

(78)

Вашиот коментар