Кијану Ривс конечно ја покажа девојката Александра

 
 

Популарниот и обожаван актер Кијану Ривс ретко ја покажувал неговата приватна емотивна страна во јавност во текот на неговата 35-годишна кариера.

Викендов конечно се појави на настан со девојката и ја држеше за рака – Ривс (55) дојде на свеченоста LACMA Art + Film Gala Presented By Gucci во Лос Анџелес со уметницата Александра Грант (46).

Симпатични и ненападни, двајцата срамежливо позираа за фотографите на кои не им се веруваше дека ја имаат приликата да го фотографираат Ривс официјално во двојка.

Кијану и Александра се познаваат од 2011 година, кога соработуваа на двете книги поезија на актерот за кои таа ги направи илустрациите – „Ode to Happiness“ и „Shadows“.

Двајцата исто така работеа на проектот X Artists’ Books во 2017 година.

Заедничкото појавување на црвениот тепих ги потврди гласините дека Кијану официјално има девојка, откако минатиот месец беа видени како влегуваат во суши бар во Западен Холивуд фатени под рака.

Актерот претходно бил поврзуван со Аманда де Каденет, Сандра Булок, Клер Форлани и Софија Копола, но никогаш јавно не се произнесе по прашањето дали е во врска.

Во 90-тите Кијану се забавуваше со актерката Џенифер Сајм. Двојката доживеа тешка траума – нивната ќерка Ава беше мртвородена еден месец порано од терминот.

Џенифер Сајм и Ривс во 90-тите

Оваа траума беше премногу тешка за Сајм и во 2001 година таа удри со нејзиниот Jeep Grand Cherokee во паркирани автомобили и почина на самото место. Имаше само 28 години.

(185)

Вашиот коментар