Кое е најопасното место во авионот?

И покрај истражувањата кои укажуваат на тоа дека летот со авион е најбезбедниот начин на патување, за жал ќе мораме да ве информираме дека не постои место во авионот кое е навистина „сигурно“. Барем не кога се бактериите во прашање.

Не ви е потребно научно истражување за да знаете дека јавните тоалети, меѓу кои спаѓаат и оние во авионите, се легло на бактерии.

Истото важи и за оние мали подвижни масички кои се извлекуваат од страните на авионот или пак од седиштето на оној што седи пред вас. Сепак, неизбежно е да имате контакт со овие места. Порано или подоцна ќе мора да ја извлечете масичката или пак да отидете во тоалетот, па поради тоа советуваме да си носите влажни марамчиња за превентивно да ги избришете рацете.

 
 

Но, верувале или не, најголемата опасност доаѓа од оние мали отвори за вентилација. Во истражувањето кое беше спроведено неодамна беа тестирани по четири авиони од пет различни аеродроми и беше докажано дека на тие места живеат повеќе бактерии на квадратен центиметар отколку на копчето на казанчето од тоалетот во авионите.

Не е баш пријатна информација, нели? За жал, немате преголем избор. Или ќе мора да се соочите со климата која дува директно во вас, или пак ќе мора да допрете цела колонија од бактерии. Ако се решите за втората опција, препорачуваме да го направите тоа со помош на влажно марамче, а потоа употребете друго за да ги избришете рацете.

(77)

  
 

Вашиот коментар