Психолозите и педијатрите секогаш кажуваат дека е навистина важно родителите да комуницираат со нивните новороденчиња и да поминуваат што е можно повеќе време со нив во првите месеци од животот. Властите на разни држави го поддржуваат ова мислење и им дозволуваат на мајките да земат породилно отсуство. Но должината на ова отсуство навистина варира во зависност од државата. Во Македонија на пример, породилното отсуство трае 9 месеци, односно 273 денови. Погледнете што се случува во другите држави.
1. Хрватска: 410 денови
Во оваа држава породилното отсуство е навистина одлично. Трае повеќе од една година и здравственото осигурување ѝ ја плаќа целосната плата на мајката сè додека бебето не наполни 6 месеци.
2. Велика Британија: 365 денови
Британските родители имаат можност да го поделат породилното отсуство. Мајките се само обврзани да земат боледување од 2 недели, а останатиот дел од времето таткото, како и мајката, можат да се грижат за детето.
3. Шведска: 240 денови
Шведските родители можат да си го поделат породилното боледување. На таткото му припаѓаат само 60 денови и ако не ги искористи, тие „истекуваат“.
4. Русија: 140 денови
Како правило, по породилното боледување мајката зема отсуство за грижа на детето додека тоа не наполни една и пол година. Во овој случај жените добиваат 40% од нивната плата. Ова отсуство може да се продолжи со уште едно од година и пол без плата.
5. Казакстан: 126 денови
Во случај на компликации во текот на породувањето, или ако се родат 2 или повеќе бебиња, отсуството се продолжува и до 10 недели. Мајките имаат дозвола да земат отсуство за грижа на детето додека тоа не наполни 3 години.
6. Финска: 126 денови
Наместо породилно отсуство, мајките можат да ги носат нивните деца во градинка или да најмат дадилка овозможена од власта.
7. Португалија: 120 денови
Според законот, таткото не треба да помине помалку од 5 денови со неговото дете и ќе биде тужен ако се обидува да ги избегне неговите должности.
8. Франција: 112 денови
Овој период може да биде поделен на 2 дела – 2 месеца пред породувањето и 2 месеца после, или мајките можат да земат повеќе време по породувањето. Ако жената е здрава и се чувствува добро, може да земе отсуство 3 недели пред породување. Жената има дозвола да работи сè додека не е бремена повеќе од 36 недели.
9. Кина: Од 90 денови
„Од“ значи дека должината на породилното отсуство зависи од возраста на жената – со други зборови, колку е постара, толку е подолго отсуството.
10. Исланд: 90 денови
Ако отсуството ѝ е доделено само на мајката, постои формулата „3-3-3“: 3 месеци ѝ се доделени на мајката, 3 на таткото и 3 месеци кои можат да си ги делат.
11. Индија: Од 84 денови
Во Индија должината на отсуството зависи од бројот на деца. Жените имаат отсуство од 182 денови само ако го очекуваат првото или второто бебе. Ако жената се породува трет пат или повеќе, отсуството трае само 84 денови.
12. Обединети Арапски Емирати: Од 45 денови
Отсуството зависи од работното место на жената. Жена што работи за приватна компанија може да има отсуство од 45 денови, вклучувајќи го периодот и пред и по породување. Ако жената работи во владата, има отсуство од 90 денови.
(88)