Коцкар доби судски процес против концернот „Новоматик“

 
 

Судот во австрискиот град Винер Нојштат ја уважи тужбата на еден коцкар кој го тужел концернот од областа на игри на среќа „Новоматик“.

Судот оценил дека подносителот на тужбата е зависен од коцкање и поради тоа не е во можност да склучува спогодби, односно го прогласи склучувањето спогодби за игри на среќа од негова страна за недолотворно.

„Новоматик“ сега на коцкарот мора да му врати 2,5 милиони евра.

Пред судот, подносителот на тужбата рекол дека во Виена од 2002. до 2012. година на автоматите на „Новоматик“ потрошил околу два милиони евра.

Според еден психолог, лицето страдало од преголема потреба од игри на среќа, поради што не можело да им одолее на автоматите.

Судот ја прифати оценката на стручњаците, а исто така оцени дека „Новоматик“ го прекршил законот за игри на среќа, со тоа што на своите автомати примал и издавал големи суми пари.

Сепак, оваа пресуда не е правосилна бидејќи компанијата најави жалба.

(1348)

Вашиот коментар