Кристал мет е најдаваниот подарок во Северна Кореја за празници и поводи

 
 

Кога има повод, каде и да отидете секогаш сакате да однесете нешто како поклон кон домаќините. Овие подароци можат да варираат од коверти со пари, до чај, облека или апарати. Во Северна Кореја овие денови, најпопуларен подарок е кристал мет.

Според Њујорк Тајмс, жителите на Северна Кореја даваат подарок како кристал мет едни на други како дел од обичајот кој станува се повеќе популарен. „Пингду“, како што е познато меѓу локалното население – корејската верзија на кинескиот збор за „ледена дрога“ и очигледно е популарна кога станува збор за родендени, матури и празници како што е лунарната нова година. Да, дрогата е нелегална во Демократска Народна Република Кореја (КПРК), но познавачите на ситуациите таму тврдат дека луѓето кои го даваат тој “дар“ е повеќе или помалку отворена тајна.

„Кристал мет до неодамна, во Северна Кореја се сметаше како еден вид многу моќен енергетски лек – нешто како Ред Бул“, изјави Андреј Ланков, експерт за ЦДП на универзитетот „Кукмин“ во Сеул.

Во меѓувреме, севернокорејската влада строго негира дека нејзините граѓани користат или дури произведуваат кристал мет. Во 2013 година, државната новинска агенција во Северот изјави дека „нелегално користење, трговија и производството на дроги кои го намалуваат човечкото достоинство до ментални осакатувања, не постојат во КДРК“.

Она што треба да го знаете е дека во 2003 година, Институтот Наутилус објави извештај во кој се алудира дека „режимот на Северна Кореја е вклучен во нелегално производство и трговија со дрога од 1970-тите години“ и дека „овие напори се зголемија во 1990-тите бидејќи економската состојба на земјата се влошува…“ па така, освен производството на хероин, понудата била надополнета и со производство на метамфетамини.

Производството спонзорирано од владата започнало да опаѓа последниве години, бидејќи многу од “готвачите“ на тие специјалитети веројатно ги пренасочиле своите вештини и почнале да се продаваат на локалниот пазар: хранејќи ја модерната опсесија на граѓаните со своите производи. Најверојатно луѓето во Северна Кореја обично земаат кристал мет за лекување на настинки, да ја зголемат својата енергија или за да ги држат будни да можат да работат до доцна. Исто така, наводно, помага да се задуши гладот, корисна функција во земја каде храната е неверојатно оскудна.

(525)

Вашиот коментар