Малолетници порачуваат дрога од Кина преку интернет

 
 

Малолетници од реонот на хрватскиот полуостров Истра откриле начин како да порачуваат дрога од Кина преку анонимни интернет порачки, обајви весникот „Глас Пуле“.

Според весникот, ова им овозможува дури и на малолетни деца да дојдат до опасни дроги без улични продавачи, туку порачувајќи ја дрогата од Кина како што се порачуваат, на пример, обични маски за телефони.

Весникот пишува дека е распространета дрога на база на амфетамини произведена во Кина, која потоа се меша со други хемиски средства.

(58)

Вашиот коментар