Мароканската принцеза две години е исчезната, а никој не ја бара, ниту ја спомнува

Британскиот принц Хари и неговата бремена сопруга Меган Маркл на последниот ден од нивната официјална посета на Мароко се сретнаа со кралот Мохамед VI (56). Но, на состанокот не присуствуваше неговата сопруга Салма. Принцезата Лала Салма (40) исчезна и не се појавила во јавноста од крајот на 2017 година. Имаше шпекулации дека парот се разделил, но тоа никогаш не беше официјално потврдено, пишува „Дејли мејл“.

Медиумите велат дека Лала Салма можеби се крие некаде во Мароко или е во егзил во САД.

Лала Салма и кралот Мухамед VI се запознаа на забава во 1999 година, а стапија во брак во 2001 година. Тие имаат две деца.

 
 

Лала Салма и Мухамед ја прекинале долгогодишната традиција дека жените на кралевите не треба да се појавуваат во јавноста. Двојката јавно ги објави свадбените фотографии, а Салма често патувала и јавно ја претставувала земјата. Последен пат се појавила на изложба на музејот во Рабат.

Медиумите во Мароко, едноставно го игнорираат нејзиното отсуство и не прашуваат каде е принцезата. Тој исто така шпекулира дека живее на грчки остров со ќерката принцеза Лала Кадија (11). Тие имаат и син, принцот Мулај Хасан (15), кој е еден од најбогатите тинејџери во светот.

„Мислам дека Салма беше под притисок бидејќи таа беше првата видлива сопруга на мароканскиот монарх. Покрај тоа, постои разлика во годините меѓу нив“, вели новинарот Нети Леистра.

  
 

Кралот Хасан II умрел во 1999 година, а Мухамед станал нов марокански крал. Набргу по доаѓањето на тронот, тој се обрати на Мароканците преку телевизија и вети дека ќе се бори против сиромаштијата и корупцијата, за нови работни места и промоција на човековите права. Најголемите критичари на Мухамед се конзервативците и фундаменталистите, кои не се согласуваат за реформите што ги спроведе кралот. Тој формира комисија чија задача беше да ги испитаат повредите на човековите права за време на владеењето на татко му.

(207)

Вашиот коментар