Мајката фрлила туку што родено бебе со папочна врвца од петти кат: Детето со неверојатна среќа преживеало

 
 

Тек родено бебе кое мајка му го фрлила од тераса на петти кат, преживеало откако што листовите од банана и го ублажиле падот.

Откако станарите во зграда во Самут Пракану на Тајланд, слушнале плач кој доаѓал од правецот кај што има плантажи за банани покрај нивната зграда, а таму откриле тек родено бебе како лежи на многу лисја од банани, за кои подоцна е главна причина што бебето преживеало.

Како што се наведува, бебето на себе имало плацента, како и папочна врвца. Во текот на падот таа се здобила со ситни гребаници, како и гризнувања од комарец.

Од полицијата изјавиле дека разговарале со соседите и го дознале идентитетот на мајката, која тајно се породила во својата соба на петти кат, како и дека потрагата по неа е во тек.

Како што навеле, бебето се наоѓа во болница нејзината состојба е стабилна, додека нејзината мајка ќе биде кривично дело поради злосторството кое го направила.

(252)

Вашиот коментар