Мајката ја земала сестричката и заминала во Германија:Омер (12) готви било што за да Азур (10) има што да јаде!

 
 

Животот секој ден ни носи по „некој удар“, но кога ќе видиме со какви маки во 21. век се среќаваат деца тогаш нашите проблеми се минорни и неважни…

Азур и Омер Хусејновиќ, се момчиња кои ги оставила мајка им, а во емисијата „Исполни ми желба“ на ТВ Хајат ја раскажале својата тaгa и ја отвориле својата детска душа.

Мајка им со сестра им отишла во Германија, а тие останале да живеат со татко им.

Живеат во колективниот центар Караула, во Живинице (град во североисточна Босна и Херцеговина, јужно од Тузла) , а покрај тоа што условите за живот се тешки, децата се и неизмерно тажни, осамени и повредени бидејќи нивната мајка заминала и не мисли да се врати.

„Кога тато оди да работи, тогаш брат ми нешто ќе направи да јадеме“, вели десетгодишниот Азур.

„Понекогаш немаме храна но јас готвам што било, само тој да јаде“, раскажува дванаесетгодишниот Омер.

На Азур и Омер најголема желба им е семејството повторно да биде заедно, а мајка им со нивната сестра да се врати, да ги гушне и бакне.

(179)

Вашиот коментар