Мајкл Шумахер примен во париска болница за таен третман

 
 

Според извештаите што доаѓаат од Франција, Михаел Шумахер тајно бил примен во приватна болница во Париз од понеделникот.

Седумкратниот светски шампион во Формула 1 не е виден во јавност од кога ја доживеа несреќата при скијање на француските Алпи пред скоро шест години.

Шумахер, кој наполни 50 години во јануари, тогаш претрпе сериозни повреди на главата и мораше да биде ставен во медицински предизвикана кома неколку месеци.

Она што до сега се знаеше во јавноста е дека тој прима медицинска нега во семејниот дом кој се наоѓа во близина на Женевското Езеро во Швајцарија, но никогаш немавме можност да чуеме или прочитаме некакви новости во врска со неговото здравје за сиот овој период.

a person holding a snow covered mountain: Schumacher poses with his wife Corinna

Според Ле Парисиен, Шумахер бил однесен во болницата Помпиду во југозападен Париз во понеделникот попладне. Се тврди дека поранешниот возач на Ферари бил подложен на третман врз основа на трансфузија на матични клетки од страна на францускиот хирург Филип Менашче.

Шумахер останува најуспешниот возач на Формула 1 кој собра рекордни 91 Гран-при победи и освои седум светски титули.

Она што го знаеме од претходно е дека медицински тим од 15 лица се грижи за Шумахер во специјалната медицинска установа изградена во неговиот дом, а дека трошоците за сето тоа веќе имале надминато и 20 милиони фунти.

a man holding a sign: Schmacher with Bernie Ecclestone back in 2001

Претходно оваа година, неговиот поранешен шеф во Ферари, Жан Тод, откри дека годинава бил во посета на Шумахер во неговиот дом во Швајцарија, изјавувајќи дека двајцата заедно го гледале Ф1 гранд при-то.

Тод изјави: „Јас сум секогаш внимателен со ваквите изјави, но тоа е вистина. Ја гледав трката заедно со Мајкл во неговиот дом во Швајцарија.

a person holding a sign: Schumacher was arguably F1's greatest-ever driver
“Мајкл е во најдобри раце и е добро згрижен во неговата куќа. Тој не се откажува и продолжува да се бори”.

Сепак, Тод, сега шеф на ФИА, исто така тогаш изјави дека Шумахер се бори да комуницира.

„Неговото семејство се бори исто толку и секако нашето пријателство не може да биде исто како што некогаш беше“, додаде Тод.

(354)

Вашиот коментар