Мајкл Џ. Фокс се појави во јавноста, болеста напредува

 
 

Популарниот актер Мајкл Џ Фокс по подолг период се појавил во јавноста и предизвикал шок.

Медиумите веднаш контатирале дека болеста рапидно напредува, некои дури и тврдат дека 58 годишниот Мајкл пред 60 година од животот ќе остане инвалид.

Ѕвездата на филмовите „Враќање од иднината“ се појавила во друштво на сопругата Трејси на премиерата на документарецот на  „HBO “ – „ Very Ralph“  во Њујорк. Иако Мајкл бил цело време со насмевка на лицето и имал позитивен став, било јасно дека болеста кај холивудскиот великан зела замав и оставила последици.

Славниот актер инаку минатата година проговори за тешката борба со Паркинсоновата болест, битка која Мајкл Џ. Фокс ја води уште од 1992 година. Иако актерот континуирано се лекува и вложува голем труд, болеста напредува.

58 годишниот Мајкл и покрај својата тешка состојба и понатаму не се откажува од глумата, во една серија игра новинар кој се повлекува од работата поради Паркинсоновата болест.

(511)

Вашиот коментар