Еден локален руски манастир тврди дека сопругата на Русинот Фјодор Василев кој живеел во 18 век наводно родила најмногу деца на светот.
Според податоците на манастирот , кој потоа биле испраќани во Москва, госпоѓа Василев меѓу 1725 и 1765 година родила 16 пара близнаци, седум тројки и четири пати родила по четворки: Што значи дека таа преживеала 27 породувања и родила дури 69 деца?!
„Тоа звучи фантастично: Мислам 69 деца? Ве молам!“ е коментарот Џемс Сегарс директорот на Одделот за репродуктивна наука и истражување на женското здравје на факултетот „Џонс Хопкинс“.
Поради тоа сега и се поставува прашањето постои ли ограничување кога станува збор за тоа колку деца може да роди жената по природен пат?. Современата наука тврди дека барем во теоријата оваа бројка е многу поголема отколку што би помислиле.
Математички гледано, иако е возможно да се изнесат 27 бремености во период од 40 години. Посебно ако се земе во предвид дека бременоста со тројки и четворки обично трае пократко од девет месеци.
Тоа би значело дека во периодот од 40 години, госпоѓата Василев дури 18 години била бремена што е скоро половина од времето.
(201)