МекКартни и Ринго заедно ќе сминаат кавер песна од Ленон

 
 

Пол Мекартни и Ринго Стар повторно се обединија за да снимат кавер верзија од песна напишана од Џон Ленон во последната година од неговиот живот.

Со оваа трака се означува најновата соработка помеѓу двајцата преживеани членови на Битлси и на некој начин потсетува на обединување на музичките таленти на четворицата Битлси, бидејќи во песната ќе има и дел од една трака од Џорџ Харисон која ќе се реплицира на снимката.

Ленон ја напиша Grow Old With Me за време на сесиите на снимањето за Double Fantasy, последниот албум што го издаде пред да биде застрелан пред неговиот стан во Менхетен во декември 1980 година.

Ringo Starr, left, and Paul McCartney

Ринго вели дека не ни бил свесен дека Ленон снимил демо верзија на песната се додека не ја отсвирил продуцентот Џек Даглас, кој го продуцирал Double Fantasy, а како ко-автор се јавува и Јоко Оно, вдовицата на Ленон.

„Џек ме праша дали некогаш сум ги чул бермудските ленти, демо траките на Џон од тоа време“, вели Ринго. „Веднаш ми се допадна таа песна и пеев најдобро што можев. Се чувствувам добро кога длабоко размислувам за Џон. И дадов се од себе. Ние дадовме се од себе.“

(66)

Вашиот коментар