Мозокот ѝ бил мртов, но докторите ја држеле во живот 123 дена во болница за да му помогнат на телото да направи нешто неверојатно

 
 

Кога Френкиелен де Силва Замполи Пади (21) беше бремена само 9 недели, нејзиното семејство не знаеше дали таа ќе преживее, бидејќи доживеала силен мозочен удар. Иако исходот не беше онаков каков што се очекуваше, семејството имаше причина за среќа.

Кога Френкиелен беше примена во болница, докторите на ултразвук зебележале дека срцето на бебињата кои ги чека и понатаму чукале иако таа беше мозочно мртва. Докторите успеале да ја одржат во живот за нејзиното тело да ги обезбеди неопходните хранливи материи за развој на близнаците кои ги имала во стомакот. За неа за жал немаше шанси, бидејќи мозокот ѝ бил мртов.

Додека лежела во болница, медицинските сестри се потрудиле да ѝ ја декорираат собата со цел околу неа да има опуштена атмосфера, а членовите на медицинскиот персонал ѝ свиреле на бебињата за да ги смират. Ја третирале на посебен начин, дури и членовите на нејзиното семејство. Нејзините бебиња, кои и покрај нејзината мозочна смрт преживеале, се вистинско чудо. Овие бебиња растеле и убаво се развивале, а секој ден кој поминувал беше надеж дека сè ќе заврши добро за децата.

За среќа, ниту еден орган на мајката не претрпи големо оштетување како последица од мозочниот удар, па бебињата можеле да напредуваат. Мајката поминала 123 дена во болница, а бебињата беа донесени на свет со царски рез. Момчето и девојчето биле задржани во инкубатори, а за нив три месеци се грижеле медицинските сестри и таткото.

Мајката на несреќната девојка била тажна поради загубата на ќерката, но утеха ѝ биле децата. Набрзо после раѓањето на децата, нејзините апарати биле исклучени и семејството можеше да се прости од неа.

(309)

Вашиот коментар