Монструм ја труел храната за бебиња во продавница: Во секоја тегличка имало доволно отров да убие, а мотивот е неверојатен

 
 

Маж (54) е осуден во Германија на 12 ипол години затвор за обид за убиство, зошто ставал отров во храната за бебиња и возрасни.

Обвинетиот признал дека на полиците од супермаркетите и малопродажните мест во градот Фридрихсхафен минатата година ставал тегли со храна полни со отров и им ги нудел на потрошувачите.

Исто така признал дека мотив му било да ги присили компаните да му платат 11,75 милиони евра за да открие каде се тегличките полни со отров.

Теглите со храна содржеле доволно количество на етилен гликол, токсична течност без мирис, која би можела да усмрти дете, наведоа обвинителите.

Само чиста среќа и брзата акција на полицијата спречи дете да не биде повредено ниту едно дете, рече главниот обвинител.

(598)

Вашиот коментар