Морничаво: Маж заталкал во трговски центар па умирал цела недела

 
 

Пожарното скалило во еден од најпосетуваните трговски центри во Австралија се претворило во бетонска гробница за седумдесетгодишен маж, кој тука случајно се заскитал и повеќе не можел да излезе.

Очајното семејство го видело видеото на кое се гледа како Бернард Гор, со прекар Буч, излегол на пожарникарните скали на 6 јануари 2017 година, во трговскиот центар во Сиднеј, „Вестфилд Бондај џанкшн“, каде што бил пронајден мртов три недели подоцна.

Неговата ќерка, Мелинда заплакала кога ги видела последните мигови од животот на нејзиниот татко на снимката, во рамките на истрагата за смртта, а асистентот на истражниот судија во Нов Јужен Велс, Ана Мичелмор изјавила дека нема други снимки кои би откриле што се случило потоа.

Стотици луѓе поминале низ трговскиот центар додека Гор бил заробен во него и ги слушал гласовите што одекнувале.

Форензичната анализа покажала дека умрел најмалку една до две недели пред да биде пронајдено неговото тело, што значи дека повеќе од една недела умирал.

Гор живеел во Тасманија, а пред исчезнувањето заедно со ќерката поминал неколку недели во Сиднеј.

На сним­ка­та што ја за­бе­ле­жа­ла над­зор­на­та ка­ме­ра се гле­да де­ка око­лу 12:50 вле­гол низ вра­та­та што во­ди кон по­жар­ни­кар­ски­те скали. Вра­та­та не мо­же да се отвори однатре и иако во приземјето постои излез низ ходникот, Гор не го нашол, што не е необично, со оглед на тоа дека во трговски­от цен­тар по­стои ла­ви­ринт на по­жар­ни­кар­ски ска­ли долг око­лу 14 км.

Ко­га ко­неч­но го нашле, Бер­нард Гор ле­жел во „по­лук­ле­чеч­ка сос­тојба“.

– Ве­ро­јат­но се­дел на сто­лот што бе­ше пок­рај не­го­во­то тело, а во од­ре­ден мо­мент си­гур­но се прев­р­тел нап­ред – из­ја­ви­ла су­диј­ката.

Се­меј­ство­то со не­де­ли го ба­ра­ло Гор, а офи­ци­јал­ни­те ли­ца од тр­гов­ски­от цен­тар се со­о­чи­ле со пра­ша­ња­та ка­ко е мож­но тол­ку дол­го да не го нашле и тоа во мо­мен­тот ко­га тем­пе­ра­ту­ри­те биле над 40 степени Целзиусови.

(178)

Вашиот коментар