Му ветила дека орално ќе го задоволи, па му го пресекла пенисот

 
 

Бренда Баратини од Аргентина е осудена на 12 години затвор, затоа што со ножици му го отсекла пенисот на својот дечко Серџо Фернандез. Бренда веднаш била уапсена по нападот и била обвинета за обид за убиство, пренесува „Дејли Мејл“. Таа го признала делото и нападот врз дечкото, но изјавила дека не ѝ била намерата да го убие.

Пред судијата Бренда се бранела дека делото го сторила откако Серџо се пофалил на пријателите ѝ им ги покажал снимките од нив двајца, додека имале секс.

„Ми ја уништи приватноста, животот и кариерата“, изјавила Бренда пред судијата.

На почетокот таа тврдела дека тој прв ја нападнал неа. Обвинителите успеале да докажат дека Бренда е таа која успеала да го заведе и да го врзе за стол, ветувајќи му дека ќе го задоволи орално. Тогаш се обидела буквално да го убие. Соседите го слушнале Серџо и веднаш повикале полиција.

Тој осум дена ги минал во кома, а до ден денес има напади од паника и не може мирно да спие. Лекарите изјвиле дека Бренда со ножиците му отсекла 90% од пенисот и еден тестис. Обвинетата досега не најавила дека ќе се жали на пресудата. Нејзиниот адвокат во изјавата нагласил дека никој досега во земјата не е осуден за обид за убиство поради нанесена рана на пенисот.

(2102)

Вашиот коментар