Направила колачи од пепелот на покојната баба па ги служела соучениците

 
 

Една тинејџерка од Калифорнија направила колачи од пепелот на покојната баба, па со нив ги почестила другарите од одделението. Полицијата моментално го истражува овој инцидент.

Американските медиуми пишуваат дека во полицијата се обратил еден од нејзините соученици кој дошол со семејството и ја раскажал страшната приказна.

– Таа девојка оди во училиште и им раскажува на сите дека во училницата донела колачи од човечки пепел, рекол тој.

Момчето објаснува дека сфатил колку е сериозна кога директорот на училиштето и наставниците прашале дали јадел од овие колачи, по што го натерале да потпише изјава и да вети дека никому нема да раскаже за овој проблем.

– Ова е еден чуден инцидент. Немам слушнато дека некој се разболел или дека некому му наштетил колачот, раскажува полицаецот Пол Дорошов.

Истражувачите не се сигурни дали тука воопшто постои злочин и за што би можеле да го обвинат девојчето.

(39)

Вашиот коментар