Наркобосот Ел Чапо во затвор, а неговата сопруга ужива во луксуз

 
 

Додека Хоакин ел Чапо Гузман го чека судењето во високообезбедениот затвор во Њујорк, неговата сопруга Ема Коронел Аиспуро на социјалните мрежи објавува фотографии кои сведочат за животот полн со луксуз.

На фотографиите често може да се види Ема облечена во костим за капење, но и во тесни фармерки, со чанти и обувки со високи потпеци со потпис на модната марка „Прада“.

Ел Чапо имал 47 години кога на изборот за мис му паднала во очи убавата 17-годишна бринета. Денес Ема и Ел Чапо се родители на близначки Емала и Марија, кои се родени во Лос Анџелес и имаат американско државјанство. Ема се омажила за Ел Чапо во 2007 година, а медиумите пренесуваат дека е американска државјанка.

Сексапилната Ема минатиот месец објавила низа фотографии од прославата на седмиот роденден на нивните ќерки. На едната фотографија, која добила дури 23.000 „лајкови“, Ема гордо позира пред палатата во стилот на Барби во природна големина која специјално ја нарачала за роденденската прослава. Темата на забавата била во знакот накуклата Барби.

На забавата сè било украсено во розова боја, од столбовите направени од розови и бели балони, колачи, бонбони, осветлувањето, роденденската торта на три ката и приборот за јадење во стилот на Барби.

– Целата приказна околу неа е надреална, неверојатна. Се шета наоколу и пред сите се расфрла со богатството и луксузниот начин на живот – рекол за „Њујорк пост“ пензиониран агент на Управата за борбата против нарко-криминалот.

 

(317)

Вашиот коментар