Најголемата отровница на светот пронајдена во канализација, седуммина одвај се избориле со неа

 
 

Тајландски работници одвај извлекле четири метри долга кралска кобра од канализација.

Целата акција не била воопшто наивна и траела подолго од еден час, а од друштвото за заштита на животните велат дека толку голем примерок досега не фатиле.

Кобрата, инаку најголема змија отровница на светот, се завлекла во канализацијата каде не би можела ни да преживее.

Фаќањето не било едноставно бидејќи змијата се фрлала по водата и се обидувала да влезе што подлабоко во цевката.

“Седум спасувачи, вклучувајќи ме и мене, беа на местото на настанот”, рекол Криткамон Канге, додавајќи дека имотот со канализација е изграден на местото на некогашна џунгла.

Змијата е подолга од четири метри, тежи 15 килограми и е трета најголема пронајдена во таа земја. После акцијата, била пуштена во дивина.

Граѓаните на Тајланд често се јавуваат во итните служби бидејќи често се среќаваат со змии, дури и во урбани подрачја. Властите не сакаат премногу да и наштетат на нивната популација бидејќи сепак помагаат во контролата на бројот на глувци и други животни кои можат да ги уништат земјоделските посеви.

(2122)

Вашиот коментар