Центарот за контрола и превенција на болести на САД во делот на својата веб-страница посветен на сексуално преносливи болести потсетува дека кондомите се предвидени за еднократна употреба.
Здравствените работници констатирале дека е неопходно да се упати такво потсетување до Американците, по сознанијата дека луѓето наместо да ги фрлат, ги перат презервативите и потоа повторно ги користат.
Во апелот исто така се наведува и дека кондомите имаат рок на траење.
Центарот потсетува дека со поравилно користење, кондомите го намалуваат ризикот, но не ја елиминираат опасноста од заразување со сексуално преносливи болести.
(120)