На Google Earth пронајдени остатоци од човек што е исчезнат веќе 20 години

 
 

Откриени се скелетни остатоци од маж на Флорида, подоцна идентификувани дека се на Вилијам Молт, кој се водел за исчезнат повеќе од 20 години.

Мистеријата за тоа каде 40-годишниот Молт исчезнал на 8 ноември 1997 година, тогаш остави многумина од неговите блиски и полицијата во дилема, но случајот бил решен деновиве откако некој забележал потонат автомобил во езерце на „Google Earth“ и ја повикал полицијата да го испита случајот.

Cops were called after someone spotted a car on Google Earth. Credit: Google

Неговите остатоци биле пронајдени во потопеното возило минатиот месец во Велингтон, во близина на Палм Бич. Во 1997 година, областа каде што сега беше пронајден била градилиште.

Откако биле повикани на местото на настанот, полицајците утврдиле дека автомобилот веројатно бил таму долго време заради состојбата во која се наоѓал.

Откако ја отстраниле водата од автомобилот, остатоците биле откриени и предадени во судска медицина, за да се обработат и евентуално да добијат идентитет на починатиот човек.

William Moldt was reported missing in 1997. Credit: The Charley Project

Според проектот „Чарли“ – интернет база на податоци што собира информации за нерешени случаи во САД, автомобилот стоел на снимките од „Гугл“ повеќе од една деценија.

Во извештајот за случајот се вели: „Чудно, возилото беше јасно видливо на сателитска слика на Google Earth од областа од 2007 година, но очигледно никој не го забележал тоа до 2019 година, кога геодет кој работел на локален имот го видел автомобилот додека работел на Google Earth”.

(212)

Вашиот коментар