Неверојатната приказна зад фотографијата на Хитлер и девојче од еврејско потекло

Фотографија на која Адолф Хитлер е фотографиран со девојче од еврејско потекло е продадена на аукција во САД, за 11.000 долари. Фотографијата е лично потпишана од Хитлер и е направена во 1933 година од Хајнрих Хофман.

Човекот одговорен за смртта на 6 милиони Евреи е фотографиран со русокосо девојче со еврејско потекло. Иако на прв поглед фотографијата на која тој го прегрнува насмеаното девојчето делува како убав момент, сепак фактот дека станува збор за Хитлер е морничав.

Девојчето од фотографијата е седумгодишната Роза Бернил Нинау, родена на ист ден како Хитлер, 20 април. Токму затоа се фотографирал со детето. Нивното пријателство е завршено 5 години подоцна, по интервенција на нацистите.

„Хитлер честопати во пропагандни цели се фотографирал со деца, но шокантно е дека со ова девојче навистина бил близок“, вели Бил Панагопулос од аукциската куќа Alexander во Мериленд.

 
 

Девојчето се допишувало со Хитлер, му испратило најмалку 17 писма во периодот меѓу 1935 и 1938 година. Роза престанала да му пишува по наредба на Мартин Борман, личниот секретар на Хитлер. На Хитлер тоа не му се допаднало.

Во книгата на Хофман има неколку фотографии од Хитлер и Роза, а покрај една е напишано: „Миленичката на Хитлер, сакал да се гледа со неа сè додека некој не одлучил дека не е од чисто ариевско потекло“.

Во годината кога Борман го прекинал нивниот контакт започнала Втората светска војна. Шест години подоцна се убиени 6 милиони Евреи. Малечката Роза не ја преживеала војната, починала во 1943 година во болница во Минхен од детска парализа, на 17-годишна возраст.

  
 

Идентитетот на купувачот на фотографијата е непознат.

(66)

Вашиот коментар