Ние се жалиме на нашиот Закон за семејство?Контроверзен предлог закон, им дозволува на мажите да стапат во брак со ќерките?

 
 

Парламентарците во Иран донесоа предлог-закон со цел да ги заштитат правата на децата, кој вклучува и клаузула според која мажот се дозволува да се ожени со својата посвоена ќерка, со оглед на фактот дека има 13 години.

Сепак, активистите за човекови права во земјата изразија загриженост дека законот што го предлага парламентот, дава можност главата на семејството да се ожени со своето посвоено дете, не е во најдобар интерес на индивидуалното дете.

Советот за старателство во Иран, тело составено од свештеници и правници, кое ги разгледува сите парламентарни закони според уставот и исламските закони, допрва треба да ја донесе конечната пресуда за контроверзниот предлог закон.

Она што е шокантно е дека девојчињата во исламската република можат да стапат во брак уште на 13 години ако побараат дозвола од нивниот татко. Од друга страна, момчињата можат да стапат во брак дури по 15-годишна возраст.

Во Иран инаку, девојче под 13-годишна возраст сè уште може да се омажи, но ќе и треба дозвола од судија. До сега, забрането беше да се омажениш за сопствените посвоени деца.

42.000 деца на возраст меѓу 10 и 14 години се венчале во 2010 година, според иранскиот информативен веб-сајт Табакн. Најмалку 75 деца на возраст под 10 години стапиле во брак само во Техеран.

Шади Садр која е адвокат за човекови права со лондонската група „правда за Иран“, за веб-страната на „Гардијан“ изјави дека стравува дека советот ќе се чувствува сигурно и безбедно да го стави својот печат на прифаќање на законот.

„Овој закон ја легализира педофилијата“, предупреди таа. „Не е дел од иранската култура да се омажите за вашето посвоено дете. Очигледно, инцестот постои во Иран повеќе или помалку, како што тоа се случува и во други земји низ целиот свет, но овој предлог-закон е легализација на педофилијата и ги загрозува нашите деца и го нормализира овој криминал во нашата култура “.

„Вие не треба да стапувате во брак со вашите посвоени деца и точка. Ако татко се ожени со својата посвоена ќерка која е малолетна и има секс, тоа е силување“.

Според Садр, властите во Иран се обиделе да го намалат сексуалниот нагласок од ваквите бракови, со изјавите дека во законот е посветен дел и на “компликациите“ со хиџабот [шамијата на главата] кога ќе се посвоело детето.

Што ова значи? Значи дека посвоената ќерка треба да го носи хиџабот пред нејзиниот татко, а мајката треба да го носи само пред посвоениот син ако е доволно возрасен.

„Со овој предлог закон, може да бидете педофил и да го добиете она што го сакате под изговор дека посвојувате деца“, рече Садр.

Некои експерти пак, сметаат дека новиот предлог-закон е спротивен на исламските верувања и Советот нема да го донесе.

Она што треба да ве зачуди уште повеќе е дака првичниот нацрт на законот, со кој тотално е забранет бракот со посвоените деца, не бил одобрен од истиов совет „на мудреци“, па се стравува дека пратениците вовеле член во него за брак со посвеоните деца само за да ги задоволат правниците и свештениците од ова тело. Ова е причината зошто Садр се плаши дека овој пат најверојатно ќе биде одобрен предлог законот.

Предлог-законот предизвика огромна реакција во Иран, особено во реформскиот весник „Шарг“, објавувајќи напис што предупредува за неговите последици. „Како може некој да се грижи за тебе и во исто време да ти биде сопруг?“, Се прашува во статијата.

Шива Долтабади, која е шеф на иранското општество за заштита на правата на децата, диздаде предупредување дека законот подразбира дека парламентот го легализира инцестот. „Не можете да најдете начин во кој улогата на татко или мајка може истовремено да се меша со улогата на сопруг/а“, рече таа, според Шарг.

(138)

Вашиот коментар