Нилски коњ нападна и уби турист од Кина, кој бил на одмор во Кенија.
Во долината Рифт, во Кенија, нилски коњ нападна туристи. Еден Кинез е убиен, додека друг е тешко повреден во нападот на огромното диво животно.
Несреќата се случила кога туристите заминале на фотосафари и премногу му се доближиле на нилскиот коњ во обид да направат подобри фотографии.
(29)