Ниту еден пат не води до него: Најдепресивниот град во Русија

 
 

Ова е еден од најладните и најзагадените градови во Русија. Исто така важи за најдепресивниот град во оваа земја.

Многу малку градови имаат толку мрачни и ладни зими како Норилск. Неговите жители нема да видат сонце до средината на јануари.

Тоа не е единствениот проблем на жителите на Норилск – ги очекува сурова зима со температури и до 55 степени Целзиусови под нулата во најдепресивниот град во Русија.

Норилск е индустриски град во Краснојарск, лоциран над Арктичкиот Круг, источно од реката Јенисеј.

Бројот на постојани жители изнесува околу 175.000, а заедно со привремените стигнува до 220.000.

Ладниот период во овој град трае 280 денови во годината, а снежни бури се случуваат во просек 130 дена.

Ниту еден пат не води до Норилск – таму се стигнува само со авион, брод или со чамец.

За среќа, слетувањето таму не е толку лошо како што можеби ви се чини.

Во времето на Сталин до градот водел само еден пат, познат како „Патот на смртта“.

Осум до девет месеци во годината градот е покриен со снег, а „синдромот на поларна ноќ“ односно мракот што трае два месеци е причина за честа појава на анксиозност, нервози, несоница и депресија.

Во Норилск се наоѓа најголемата топилница за железо во светот која испушта толку многу загадувачки материи во воздухот, што во радиус од 30 километри „ни трева не никнува“.

Градот лежи врз едно од најгоелмите наоѓалишта на никел, платина и паладиум, поради што е и еден од најбогатите градови во Русија.

Со оглед на тоа дека рударската професија е особено тешка, работниците се солидно платени, имаат 90 дена одмор годишно и се пензионираат на 45 години.

Работата има и последици – се смета дека контаминацијата со тешки метали се чувствува и на оддалеченост од 60 километри од рудниците и топилницата.

Со оглед на депресијата, ладното време и загадувањето, Норилск е град со прилично активен социјален и културен живот. Во градот има голем театар, бројни галерии, кафулиња и други места за разонода во долгата, мрачна зима.

(545)

Вашиот коментар