Политичар од Норвешка сосема гол протестира против преголемиот број крузери кои минуваат низ фјордот каде тој го минува годишниот одмор.
Свеин Ингвалд Опдал (71) се соблече сосема гол и така излегува на влезот во фјордот за да го видат турситите на огромните патнички бродови , кои во голем број крстарат низ норвешките фјордови.
Политичарот од Зелената партија на Норвешка фотографијата ја објави и на Инстаграм. Во изјава на државната телевизија рекол дека главно се соблекол од забава , но и поради големиот револт.
,, Стигнавме во Олден во средата и веднаш забележавме три големи крузери . Подоцна сфастивме дека тука има вкупно 11 000 туристи од крузерите , а мене тие воопшто не ме воодушевуваат.”
Кон крајот на неделата Опдал видел уште крузери во мирното место каде летува. Во неделата збеснал и и рекол на сопругата да го фотографира како гол ги пречекува на влезот во фјордот.
(232)