Останала без гориво среде ноќ: Бездомник и го дал последниот денар, а дури потоа почнала една прекрасна приказна

 
 

Една жена од Филаделфија собрала околу 110.000 долари за бездомник кој и помогнал кога автомобилот и запрел среде пат.

Кејт Меклур останала без бензин за време на возење и така морала да запре на меѓудржавен пат во Филаделфија.

Било веќе околу полноќ и не знаела што да прави и кого да повика во помош. Со себе немала ниту пари.

Тогаш се појавил бездомникот Џони Бобит и кога забележал во што е проблемот и рекол да ја заклучи колата и да не излегува. Отишол до бензинска и со последните 20 долари во џеб купил канта бензин.

Бидејќи тогаш немала пари да му се заблагодари, повеќе пати се враќала на патот за да му даде облека, храна и нешто пари. После неколку средби, одлучила да покрене акција за собирање пари за Бобит како би се тргнал од улицата. Парите почнале да стигаат, а целта им била да соберат околу 10.000 долари. Меѓутоа, собрале многу повеќе, околу 110.000 долари.

„Бев наивна мислејќи дека колата ќе издржи толкав пат на резерва. Никогаш претходно такво нешто не ми се случило. Тогаш го забележав Џони, тој секој ден седи покрај пат. Не ми побара ниту цент, само сакаше безбедно да стигнам дома. Подоцна му ги вратив парите за бензинот, му дадов јакна, нараквици, капи, чорапи, но мислев дека би можела да направам уште нешто за него. Ве молам, помогнете му на овој човек бидејќи доаѓа студено време. Навистина мислам дека тој тоа го заслужува“, рекла Кејт.

Откако тамошните жители слушнале за него, се јавиле неколкумина негови бивши колеги од Итна помош каде што работел и пријатели кои рекле дека знаеле дека „исчезнал“ веќе 18 месеци, но го памтат како човек со добро срце кој никому не би наштетил.

(628)

Вашиот коментар