Партизановиот навивач бил убиен зашто сакал да направи – четврта фракција кај Гробари?!

 
 

Белград пред два дена го потресе бруталното убиство на еден од водачите на партизановите навивачи Гробари, Љубомир Марковиќ – Кича (37), откако бил ликвидиран на улица во една населба во српската престолнина и првично сите медуми убиството го поврзаа со криминалното подземје.

Членот на озолгласената група „Алкатраз“ е последен во низата убиства на навивачи поврзани со криминалното подземје, ама според „Вечерње Новости“, полицијата има сознанија дека ова убиство е поврзано буквално со случувањата во навивачкиот свет, посебно околу партизановите групи. Наводно, белградската полиција истражува и се сомнева дека Марковиќ бил ликвидиран зашто планирал да направи четврта франција на навивачи на Партизан.

Познатите Гробари веќе од поодамна се поделени на три фракции. Едната е на јужната трибина, каде секојпат се собирале најжестоките навивачи под името Гробари. Втората која се појави беа Забрањени, а третата и најнова е Партизановци, предводена од поранешниот другар на Марковиќ и соборец од „Алкатраз“, Милош Радосављевиќ – Кими.

Наводно, популарниот Кича, кој беше осуден на 30 години за убиството на францускиот навивач Брис Татон (казната му беше преполовена на 15 години) како главен организатор на хаосот во центарот на Белград подготвувал нова фракција во која планирал да земе многу навивачи од многу подгрупи на партизановите ултраси.

„Тешко е да се каже засега што е мотив на ликвидацијата, ама престижот на трибините сам по себе носи многу големи привилегии, прво околу обезбедување, а потоа и тие другите кои ги кршат законите. За викендов многу другари, пријатели, па се до луца од спротивставените табори на трибината беа повикани на распит“, рекол извор за весникот.

Пред три години беше убиен Александар Станковиќ – Сале Мутави, исто така еден од водачите високо во хиерархијата ка ј партизановите ултраси.

(1815)

Вашиот коментар