Пензионер 23 часа чекал во болница и починал. Се е забележано на сигурносните камери

 
 

Италијанскиот пензионер Џузепе Рамоњино починал во болницата во Монкаљери, близу Торина, после 23 часа чекање преглед, што и било снимено од безбедносните камери.

Адвокатот на неговото семејство Габриел Ровета изјави дека, иако не знае дали починатиот можел да биде спасен, сепак сигурно е дека медицинскиот персонал не му пружил соодветна помош.

Пензионерот од Ла Лоџа, кој живеел сам на стара фарма, починал рано утрото на 2. мај од инфекција на цревата, која според зборовите на адвокатот, не можела да се предвиди.

Последните часови од животот ги поминал во чекалната на одделението за итни случаи, но според зборовите на јавниот обвинител, допрва треба да се утврди дали медицинскиот персонал за тоа време бил информиран за неговата тешка состојба.

Ровета е со спротивно мислење и тврди дека персонал го занемарил Рамоњино и ја потценил тежината на неговата состојба. Како доказен материјал се нуди снимката од болницата на која јасно се гледа дека пензионерот во болнциа дошол на 1 мај во 10 часот, накратко го напштил одделението за итни случаи во 13.36 и се вратил таму во 13.41.

„ниту еднаш за тоа време не се оддалечил од одделението за итни случаи. Накратко излегол и се вратил за 5 минути. Ова е голем пропуст и ќе бараме истрага. Не знам дали можел да биде спасен, но сосема е согурно дека не добил соодветна медицинска помош. Тоа не се сличило ниту тогаш кога еден болничар го нашол онесвестен во тоалетот“, рече адвокатот поткрепувајќи ги своите докази со снимките од бездомници кои во тој момент се наоѓале во чекална со него и кои се обидувале да го привлечат вниманието од лекарите.

На снимките се гледа на 2. мај во 7 часот Рамоњино се уште бил жив. Болничкиот персонал реагирал 2 часа подоцна, и тоа по реакција на еден од пациетните кои биле во чекалната, само за да го прогласат за мртов во 9.43 ч.

„Го помешаа со еден од многуте бездомници кои спијат во болницата и затоа не сакале да му пружат помош“, рече адвокатот.

(1222)

Вашиот коментар