Пентагон ќе ги казни Саудијците со тоа што ќе им ја секне нафтата

 
 

Не само што САД им продаваат оружје на Саудијците за да го дотолчат и онака утепаното население на Јемен, туку и директно учествуваат во воздушните напади на земјата снабдувајќи ја саудиската авијација со гориво во лет за овие да не се прекинуваат сред бомбардирање.

За да ја покажат својата чувствителност американските власти одлучија да го прекинат ангажманот на американски војници во најнепотребната хуманитарна катастрофа на денешницата, и на Саудијците да им го укинат снабдувањето со гориво сред лет.

Ова не значи дека Саудијците се комплетно беспомошни на темата, туку само дека за тоа ќе треба да ги користат сопствените капацитети. Да не биде дека некој ним им раскинал Саудијците објавија соопштение во кое објаснуваат дека тие побарале прекин на соработката, бидејќи веќе развиле сопствени капацитети за воените авиони да ги снабдуваат со гориво во лет.

Американската авијација три години ги снабдува Саудијците со гориво во нивните операции за бомбардирање на Хути бунтовниците во Јемен.

Во еден од воздушните напади саудиската авијација летово бомбардираше цивилен автобус, а според Високиот комесар за човекови права на О.Н. до сега во судирот се настрадани илјадници цивили.

До сега ставот на Пентагон беше дека со полнењето гориво на саудиските авиони и обезбедување разузнавачки информации, тие всушност се грижеле и помагале нападите да бидат попрецизни и да има помалку цивилни жртви.

(20)

Вашиот коментар