Пијана жена заразена со ХИВ вирусот гризнала карабинери!!

 
 

Пијана жена на возраст од 50 години во раните утрински часови ги вознемирувала гостите во една дискотека во местото Киезина во близина на Пистоја во италијанскиот регион Тоскана.

Жената потоа го изгризела по рацете карабинерот кој дошол да ја упаси.

Агенцијата Анса пренесува дека повредениот италијански полицаец карабинер сега ќе мора да замине на детални медицински прегледи поради тоа што жената која го нападнала  била заразена со вирусот ХИВ.

Во извештаите се наведува дека жената која од порано и била позната на полицијата скокнала на водачот на карабинерите и го гризнала повеќе пати за раката , пред да биде совладана и уапсена.

(95)

Вашиот коментар