,,Повеќе пати се простив од животот”- проговори Словенецот кој издржа 25 часа во невреме на Јадранското Море

 
 

Само чудо го спаси словенечкиот сурфер Горан Јабланов , кој во понеделникот , на страшното невреме на Јадранот преживеа и од Умаг стигна во 40 километри оддалечениот Трст.

Словенечкиот сурфер Горан Јабланов , кој беше пронајден жив , откако исчезна во невремето , раскажува за својата 25 часовна агонија. Тој е професор по физичка култура и препливал речиси 40 километри. Исчезна во близина на светилникот кај савудрија во Хрватска за по 25 часа да биде најден во близина на Трст .

,, Сешто ми минуваше низ главата. Прво размислував како да ја решам ситуацијата. Прво шро ми падна на памет е дали е сега добар момент да ја оставам даската и да почнам да пливам.” , изјави 47 годишниот Јабланов.

Повеќе пати мислел дека е се готово и се простил од животот. Цело време се соочувал со ветришта кои дувале над 100 километри на час и бранови повисоки од три метри.

Потерата на хрватските спасувачи била прекината вечерта , а наредното попладне , во вторникот биле известени дека Јабланов излегол жив на плажа во близина на Трст.

Откако помина еден ден во болница , поради дехидрираност , ток од денеска е на домашна нега.

(466)

Вашиот коментар