Погрешен избор: Старица во Њујорк претепа крадец којшто ѝ провали во домот

 
 

82-годишна баба му покажала крадецот дека со неа нема шега.

Вили Марфи изјави дека отишла да спие кога слушнала како некој чука на вратата и моли да повика брза помош за него.

Таа ја повикала полицијата, но не го пуштила непознатиот маж во куќата, па се налутил и ја пробил вратата.

– Тој избра погрешна куќа. Јас сум сама, и јас сум стара. Но, знаете што – јас сум силна, – рече таа, покажувајќи ги своите мускули.

Таа прво го удрила со столчето, а потоа го тепала со ногарктие од столицата. Откако неколку пати скокнала на него, таа се стрчала за шише шампон за бебиња и го испрскала мажот на лицето додека тој се обидувал да стане.

Тука не бил крајот, таа ја зела метлата и добро го удирала.

Излезе дека оваа супербаба сепак не е обична жена – таа е мулти-наградуван бодибилдер, кој веќе деветта деценија вежба во локална теретана во Њујорк.

(24)

Вашиот коментар