Позирале во нацистички униформи и се пријавиле за „Мис Хитлер“

На руската социјална мрежа ВКонтакте (руска верзија на Фејсбук), неодамна било организирано онлајн натпреварување за избор „Мис Хитлер“, а меѓу финалистките се наоѓале девојки од Германија, Русија, Италија и САД.

Администраторите на страницата, која го организирала натпреварувањето, повикале други неонацисти да се вклучат во гласањето и на тој начин да се избере победничката, која требало да биде „радикална и фанатична за Хитлер“.

Сепак, и покрај големата посветеност на организаторите, победничката не е избрана, а страницата е отстранета бидејќи „повикува на насилство“. Интернет страницата имала неколку илјади прегледи и повеќе од 500 гласови пред да биде затворена, а натпреварувањето почнало на 1 септември.

 
 

– Заедницата е блокирана поради кршење на нашите правила. ВКонтакте не толерира повици за насилство, националистичка и екстремистичка пропаганда, изјави портпарол на руската социјална мрежа.

На фотографиите можат да се забележат девојки кои позираат во нацистички фустани, со свастики и книгата „Mein Kampf“, салутирајќи го добро познатиот поздрав на Адолф Хитлер.

Организаторите на натпреварот изјавиле дека нивна цел била „да се промовира културата на Хитлер, да се поттикне интеракција меѓу членовите на Хитлеровата заедница, да се прикажат убавините на културата на Хитлер и заштитата и одбраната на жените“.

Натпреварувањето за „Мис Хитлер“ било организирано и пред четири години на оваа социјална мрежа, но ниту тогаш не го дочека крајот.

  
 

(92)

Вашиот коментар