Поради овие 14 работи во Иран се добива смртна казна

 
 

Само од јануари до сега во Иран се извршени 694 смртни казни, а „Аmnest International“ тврди дека таа бројка ќе оди до 1000 до крајот на годината. Иранските власти тврдат дека се погубени 246 луѓе.

„Злочините“ поради кои луѓето во Иран се осуедени на смртна казна за напредните земји се шокантни. Смртна казна со бесење е најчестиот начин. Иако од 2008 година важи забрана за јавни егзекуции, осудениците често и понатаму ги бесат пред публика.

Во не така ретки случаи луѓето сеуште се каменуваат, иако иранското правосудство наредило мораториум на овој брутален начин на спроведување смртна казна.

Делата за кои следува смртна казна се:

  • силување
  • инцест
  • личност што е во брак има секс со личност што не е во брак
  • секс со маќеа
  • маж кој не е муслиман да има секс со муслиманка
  • хомосексуални односи
  • планирање на рушење Влада
  • помагање на групи ориентирани против Владата
  • планирање на убиства на политички лидери
  • пцовки за пророкот
  • тешко убиство
  • непланирано убиство
  • криумчарење дрога
  • грабеж

Конзумирањето на лакохол исто така е казниво, а за една чаша се добиваат 80 бичувања. Доколку прекршокот се повтори неколку пати, може да дојде и до смртна казна, која ретко се има спроведувано за оваа дело.

(406)

Вашиот коментар