По 158 години: Неверството повеќе не е кривично дело во Индија

Врховниот суд во Индија донесе закон според кој неверството повеќе не е кривично дело.

Судот во Индија промени закон стар 158 години, според кој маж кој има секс со мажена жена, без согласност од сопругот, беше прогласуван за виновен.

Досега не се знае колку мажи биле обвинети и осудени за прељуба. Поднесувачите на промените во законот изјавиле дека досега законот се применувал произволно и ги дискриминирал и мажите и жените.

Според одлуката на судијата Дипак Мисра, прељубата може да биде основ за граѓански проблеми како што е разводот, но дека не може да биде сметана за кривично дело. Тој додаде дека законот ги дискриминира жените, а дека бракот како институција ќе биде заштитен.

 
 

(43)

Вашиот коментар